fbpx

Ердоган повика на воведување смртна казна во Турција по референдумот

-

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска изјави дека очекува во Турција да биде воведена смртна казна по референдумот за уставните измени, закажан за 16 април, пренесува ХРТ. Ердоган нагласил дека „без двоумење“ ќе потпише нацрт-закон за воведување смртна казна, веднаш по неговото прифаќање од страна на парламентот.

„Семејствата на мачениците, семејствата на нашите јунаци не треба да се грижат. Верувам, ако даде Господ, дека парламентот ќе направи сè што е потребно во врска со вашите барања за смртна казна по 16 април“, рекол Ердоган за време на својот говор во Чанак-кале, на северозападот на Турција.

Смртната казна во Турција е укината во 2004 година, во рамките на кандидатурата за членство на земјата во Европската Унија. Нејзиното повторно воведување ќе значи крај за пристапните преговори на Анкара за членство во ЕУ.

„Не нè интересира што ќе речат Ханс или Жорж (имиња со кои Ердоган ја означува Европа, н.з.). Што ќе каже народот? Што ќе каже правото? Тоа ни е важно“, рекол турскиот претседател.

Ердоган, по неуспешниот обид за воен удар во Турција на 15 јули минатата година, повеќепати изјавуваше дека ќе одобри повторно воведување на смртната казна, ако парламентот донесе таква одлука.

Сепак, ова е првпат тој да го повика парламентот да прифати воведување на смртна казна, по референдумот за уставните измени, кои предвидуваат проширување на овластувањата на претседателот на Турција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Забраната за примање невакцинирани деца во градинка во време на епидемија, не е дискриминација

Со објавата се шири паника и се обвинуваат здравствените власти, иако станува збор за стандардно постапување кое поради недоволен вакцинален опфат беше применувано и во 2019 година, кога имаше...