fbpx

Едно лице притворено по убиството на свештеник во Франција

-

Едно лице е притворено во рамките на истрагата што се води по заложничката драма во црквата во Сент Етјен ду Рувре во Франција.

Полицијата не го открива идентитетот на приведениот.

Краткотрајната заложничка криза почна утринава, кога двајцата напаѓачи упаднаа во црквата во местото Сент Етјен ду Рувре. Напаѓачите се ликвидирани при акцијата на француските безбедносни сили за нивно неутрализирање. При акцијата напаѓачите го убиле 84-годишниот свештеник Жак Хамел, а уште тројца други верници се повредени. Еден од повредените е во животна опасност.

Претседателот  на Франција, Франсоа Оланд, претходно изјави дека напаѓачите се припадници на терористичката организација Исламска држава, која потоа ја презеде и одговорноста за нападот.

Еден од напаѓачите бил во Сирија, а по враќањето во Франција обвинет е за здружување во злосторничка група со терористички намери, по што бил затворен. По ослободувањето од затвор, тој бил пуштен со електронска белегзија за контрола.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...