fbpx

ДУИ: За албанскиот јазик, членството во НАТО и во ЕУ и за СЈО не може да има преговарање

-

Демократската унија за интеграција (ДУИ) нема префериран партнер во македонскиот политички блок, а интересот за одржување на стабилноста на државата го става над партиските интереси. Ова се заклучоците од денешната седница на централното претседателство на ДУИ.

„Свесни за одговорната и за одлучувачка улога на ДУИ во ориентирањето на политичките процеси во државата, во духот на унифицираниот став на албанските политички партии во Македонија и врз основа на платформата на партијата, ДУИ почна сеопфатен консултативен процес со партиската структура и со граѓаните, анализирајќи ги геополитичките, регионалните и домашните случувања и импликации“, стои во соопштението од партијата.

Како што се наведува во соопштението, рамноправната употреба на службениот албански јазик, интеграцијата во НАТО и во Европската Унија, како и продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство за расветлување на сите сомнежи што произлегуваат скандалот со прислушувањето, „се целите кои како услови не можат да бидат предмет на преговарање“.

Централното претседателство на ДУИ, како што додаваат од партијата, останува во континуирано заседавање сè до завршување на консултативниот процес.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...