fbpx

ДУИ утврди кандидати за градоначалници, Арифи повторно во трка за Тетово

-

Централното претседателство на ДУИ ги утврди кандидатите за градоначалници во општините каде оваа партија ќе учествува на претстојните локални избори на 15 октомври.

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, повторно ќе се кандидира, а во трка за втор мандат е и актуелниот градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта.

Градоначалниците на Дебар, Ружди Лата, како и на Кичево, Фатмир Дехара, исто така ќе се кандидираат за втор мандат.

Кандидат за градоначалник на Струга ќе биде Рамиз Мерко, а на Сарај – Блерим Беџети.

Од партијата информираат дека кандидати за градоначалници избрале и за општините Арачиново, Желино, Теарце, Сарај, Липково, Чаир, Шуто Оризари, Студеничани, Боговиње, Врапчиште, Пласница, Долнени.

ДУИ, за општина Брвеница, нема да номинира свој кандидат, туку ќе ја поддржи независната кандидатура на актуелниот градоначалник, Енвер Пајазити.

За Битола, Охрид и за Гази Баба, ДУИ ќе учествува со заеднички листи за советници со политички партии од албанскиот блок.

Портпаролот на централниот изборен штаб на ДУИ, Арбер Адеми, изјави дека изборите на 15 октомври се многу значајни, бидејќи граѓаните на нив непосредно избираат своите претставници кои треба потоа да најдат решенија за нивните секојдневни потреби.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...