fbpx

ДУИ поднесе иницијатива до Уставен суд за одлуката за распуштање на Собранието

-

ДУИ поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на одлуката за распуштање на Собранието, потврди портапаролот на партијата, Бујар Османи, за „Мета“.

Тие бараат Уставниот суд да ја оцени одлуката на Собранието за распуштање како неуставна, со што ќе му се овозможи на парламентот повторно да заседава.

Извори од Уставниот суд за „Мета“ велат дека времето е прекратко за одлука  за иницијативата на ДУИ за Собранието.

Судии од Уставниот суд се сомневаат дека може што било да се направи до 5 јуни, до кога би било пожелно да се има одлука, затоа што по овој датум правно неоснована би била и иницијативата. Тие велат дека по поднесувањето на барањето, треба да добијат одговор од Собранието на Република Македонија, уставните судии да напишат реферат, кој потоа би се разгледувал на седница.

Утринава претседателот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата со германскиот специјален пратеник за Македонија, Јоханес Хајндл, рече дека консултираат домашни и странски експерти во врска со тоа како може да се врати Собранието во функција.

Тој рече дека го известил Хајндл дека во моментов нема услови за одржување на изборите на 5 јуни.

– Со Хајндл разговаравме за политичката криза, како и за Договорот од Пржино. ДУИ ги претстави своите ставови за решавање на политичката криза. Во однос на изборите на 5 јуни, сметаме дека не би било добро да се одржат поради имиџот на нашата земја. Бараме начини за да може повторно да се свика Собранието на Република Македонија. Го информиравме Хајндл дека ние ги преземаме сите мерки, во согласност со консултациите со правните експерти од земјата и од странство, за Собранието повторно да се стави во функција. Кога ќе проработи тоа, ќе се отворат многу други прашања – изјави Ахмети.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

Сиљановска-Давкова е претседателски кандидат, а за неколку дена ќе се знае дали ќе биде идниот претседател на државата. Затоа е чудно што онака ноншалантно кажува да не се очекува...