Македонско друштво „Илинден“ од Тирана, од денеска до 21 мај, учествува на 62. Конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) во Република Романија.
Организатор на конгресот е Демократскиот сојуз на Унгарците, организација која ги застапува интересите на ова малцинство во Романија.
Најавено е учество на 250 претставници на малцинствата од цела Европа.
Македонско друштво „Илинден“ од Тирана е единствено што ги претставува Македонците од дијаспората на овој собир.
– На конгресот, ќе имаме средби и ќе размениме мислења и искуства, од интерес на нашата национална кауза, со претставниците на другите малцинства, како и со истакнати политичари, експерти и носители на одлуки од европските земји – вели претседателот на Друштво „Илинден“, Никола Ѓурѓај.