fbpx

Демократските процеси се почнати и назад нема, порача СДСМ

-

На изборите на 11 декември, граѓаните изгласаа промени, реагираат од СДСМ по прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ за одлуката на Управниот суд да уважи една од тужбите на коалицијата предводена од СДСМ за гласачко место во Теарце.

„Граѓаните гласаа за добар живот, повисоки плати, силни домашни фирми, парите да се вратат кај граѓаните, институциите да работат во служба на граѓаните и за правда за сите. Повеќе од 600.000 граѓани се изјаснија дека повеќе нема место во политиката за ликови како Никола Груевски, нема криминали, нема крадења избори како што тоа го правеле од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа што го носат промените го избезумува Никола Груевски. Затоа те тој се заканува, те го праќа Тодоров да плаче“, велат од СДСМ.

Од партијата истакнуваат дека Македонија ќе добие Влада на своите граѓани.

„Демократските процеси се почнати и назад нема, тоа го знае и Груевски. ВМРО-ДПМНЕ оди во опозиција. Доаѓа живот“, велат од СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...