fbpx

Деградиран рускиот свештеник што ја водеше комеморацијата на Навални

Московската епархија на Руската православна црква соопшти дека Сафронов ќе биде деградиран, односно вратен на понизок ранг - читател на псалми. Ќе му биде забрането да носи крст и ќе биде испратен во друга московска црква каде што ќе отслужи тригодишно „покајание“

-

Рускиот свештеник кој ја предводеше комеморацијата на опозицискиот лидер Алексеј Навални е деградиран од водечките црковни служби и му е наредено да отслужи тригодишно „покајание“, пренесе Гардијан.

Свештеникот Дмитриј Сафронов одржал панихида на гробот на Навални, а минатиот месец водел и богослужба по повод 40 дена од неговата смрт во оддалечената казнена колонија над Арктичкиот круг.

Во денешното соопштение, московската епархија на Руската православна црква рече дека Сафронов ќе биде деградиран, односно вратен на понизок ранг – читател на псалми. Ќе му биде забрането да носи крст и ќе биде испратен во друга московска црква каде што ќе отслужи тригодишно „покајание“.

На крајот од тој период ќе биде донесена одлука дали Сафронов ќе биде формално разрешен, „во зависност од повратните информации од местото на неговата служба“, се вели во документот во кој не е наведена официјална причина за казната на свештеникот.

„Во отсуство на официјални информации, забраната може да се поврзе само со комеморацијата за која се вели дека Дмитриј ја служел за Алексеј Навални“, напиша Јоаб Бурдин, свештеник кој беше казнет, а потоа и отпуштен откако ја критикуваше војната во Украина.

Неколку руски свештеници беа казнети со парични казни или деградирање по потпишувањето на отворено писмо против војната во 2022 година.

Руските власти продолжија да ги прогонуваат поддржувачите на Навални. Стотици лица беа уапсени на импровизираните бдеења низ руските градови во деновите по неговата смрт.

Русија обвини за екстремизам и двајца новинари кои известуваа за судењата на Навални, што предвидува затворска казна до шест години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...