четврток, 16 април, 2026
Meta.mk

Ознака: руска православна црква | 12 резултати

Украинскиот парламент гласаше за забрана на УПЦ поради наводни врски со Русија

октомври 20, 2023

Украинскиот парламент вчера даде првично одобрение на законот со кој се забранува Украинската православна црква (УПЦ), откако Кијив ја обвини за соработка со Русија по минатогодишната инвазија. Украинската православна црква, која вели дека повеќе не е усогласена со Руската православна црква, ги негира обвиненијата од Кијив и рече дека нацрт-законот бил неуставен, пренесува Гардијан. За […]

По Скопје, и официјална Софија го протера рускиот свештеник Васијан

септември 21, 2023

Неколку дена откако македонските власти го протераа рускиот свештеник Васијан, и официјална Софија одлучи да го протера од Бугарија ова високо свештено лице на Руската православна црква, поради тоа што е закана за националната безбедност, пренесува mediapool.bg. Бугарските власти го протераа архимандритот Васијан Змеев поради тоа што бил руски шпион, а информацијата прва ја објави […]

Зеленски не ја претвора војната во религиозна, туку ја брани Украина од руска пропаганда во црквите

април 7, 2023

Руската православна црква и нејзиното водство активно ја поддржуваат агресијата на Путин на Украина. Тајната служба на Украина има регистрирано случаи во кои свештенството на Украинската православна црква – Московска патријаршија се вклучувало во оправдување на руската агресија против Украина и колаборација со руски трупи во окупираните територии. Поентата на новиот закон е да се спречи Русија преку црквата во […]

Пропуштен контекст: Тенденциозно и наменски се тврди дека Зеленски забранува цркви

декември 13, 2022

Во постот што го рецензираме, во којшто се тврди дека украинскиот претседател забранува цркви и опозициски партии, се пропушта контекстот. Зеленски кажа дека Украина ќе ги ограничи активностите на верските организации поврзани со Русија на нејзината територија и ќе го испита статусот на Православната црква, кој зависи од Московската патријаршија. Но, во постот не се […]

Антиваксерите од Балканот се повикуваат на поддршката од Руската Православна Црква

октомври 23, 2019

Пропагандата против вакцинирањето наменета за корисници  на интернет од Балканот меѓу другото функционира и преку злоупотреба на религиозните чувства, пишува „КриТинк“ во анализата „Наоѓаат ли антиваксерите поткрепа во некои прокламации на Руската прaвославна црква?“. Патријархална комисија за семејството, која е директно одговорна пред пред г.г. Кирил, поглаварот на Руската православна црква (РПЦ) во април 2019 […]

Тимотеј: Одлуката на Вселенската патријаршија отвора пат за признавање на МПЦ-ОА

септември 6, 2018

МПЦ е подготвена за разговор со Цариград за изнаоѓање пат и начин за решавaње на македонското црковно прашање, вели владиката Тимотеј за Радио Слободна Европа, во врска со одлуката што ја донесе Вселенската патријаршија на соборот во Истанбул од 1 до 3 септември, да објавува независност на црквите и без согласност на останатите православни цркви. […]

Иванов ќе добие руска награда за придонес во православието

април 25, 2017

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, е одликуван со наградата „Неговата светост патријарх московски и на цела Русија, Алексеј Втори“ за 2016 година, што во мај, на свечена церемонија во Москва, ќе му биде врачена од патријархот на Руската православна црква, г.г. Кирил, соопшти кабинетот на претседателот Иванов. Наградата ја доделува Меѓународната општествена фондација за […]

Патријархот Кирил отпатува на средба со папата Франциск

февруари 11, 2016

Поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, денеска тргна кон Куба, каде утре е предвиден историски состанок со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск. Тоа ќе боде прв состанок на двете најголеми христијански цркви по речиси илјадагодишната поделба на источна и на западна црква. Руската телевизија прикажала снимки на кои патријархот Кирил влегува во авион на […]

Страна 1 од 1