This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Fri Nov 16 20:12:33 2018 / +0000 GMT

Бутарис: Терминот „Македонија“ не е закана за идентитетот на Грција




Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, изјави дека Грците се слабо информирани и не разбираат дека Скопје нема да им го украде идентитетот ако името на земјата го содржи зборот Македонија.

-Многу сум разочаран што по 25 години спор за името ние сме во истата позиција. Психологијата и размислувањето на голем број грчки граѓани не е променето. Проблемот е во тоа што луѓето сметаат дека Скопје ќе ни го одзеде идентитетот, никој нема да го направи тоа. Тие не се закана за нас. Луѓето се слабо информирани и си замислуваат разни нешта што не се реални. Веруваат дека ќе ни биде украдена историјата - рече Бутарис за бугарската БГНЕС.

Изјавата следуваше по антимакедонските протести во Солун кон кои се приклучија илјадници Грци. Организатори на собирот беа грчки здруженија и организации од дијаспората, кои имаат поддршка и од политички партии, спортски и христијански здруженија, градоначалници и митрополити од различни општини. Преку протестот, бараа да не се користи терминот „Македонија“ во решението на спорот на нашата земја.

Post date: 2018-01-21 20:31:44
Post date GMT: 2018-01-21 19:31:44
Post modified date: 2018-01-21 20:32:05
Post modified date GMT: 2018-01-21 19:32:05

Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. MS Word saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com