fbpx

Брисел од Албанија бара брзо затворање на прашањето за имотите на малцинствата

-

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, упати апел, Албанија што побргу да ја затвори процедурата за враќање и за компензација на имотот на малцинствата, пишува весникот на македонски јазик „Илинден“.

Во одговор на прашањето на потпретседателот на Европскиот парламент, Димитрис Пападимоулис, во врска со проблемот околу имотот на малцинствата во Албанија, прашање кое е опфатено во последниот извештај за Албанија, Хан наведе дека „овој процес не е гарантиран“.

Според Хан, Брисел од блиску го набљудувал процесот на подготовка на законот за заштита на малцинствата и овој процес опфаќа политички консултации, како и меѓународна техничка експертиза.

Грчкиот европратеник се задржал и на прашањето на слободата на изразување, борбата против корупцијата и организираниот криминал во Албанија, слободата на медумите, како и заштитата на поединците, локалните заедници и малцинствата од нетранспарентните одлуки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...