fbpx

Бејли: Поддршката за членството во НАТО зависи од спроведувањето на Договорот од Пржино

-

„САД силно го поддржуваат членството на Македонија во НАТО и фрустрирани сме поради фактот што овој процес не е забрзан. Тоа е назавршена работа во долгогодишните напори со нашите сојузници и партнери за една целосна, слободна и мирна Европа“, истакна амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, на одбележување на Денот на НАТО, организиран од Евроатлантскиот совет на Македонија и од Министерството за одбрана во Домот на АРМ.

– Земјите членки мора да ги спроведат реформите во изборниот процес, отчетноста, владеење на правото и демократските слободи. Веродостојни услови, работата на специјалниот обвинител, медиумските реформи и други области заедно испраќаат стратешка порака до идните партнери во НАТО околу вашата посветеност кон вредностите на северно-атланската повелба. Половични мерки испраќаат спротивна порака, што може да резултира во ерозија на поддршката – истакна Бејли.

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, нагласи дека е убеден оти на самитот на НАТО во Варшава земјите членки ќе најдат начин високо во агендата да го стават прашањето за проширување на Алијансата.

– Пристапувањето на Црна Гора во НАТО дополнително ќе придонесе за стабилноста на регионот. Активирање на МАП-процесот за Босна и Херцеговина ќе биде силна поддршка за нашите пријатели од таа држава, кои силно се борат за европската перспектива. Македонија останува посветена на евроатлантските интеграции бидејќи главен стратешки интерсес на нашата земја е зачленувањето во НАТО. Македонија ги споделува и ги промовира истите вредности со земјите членки на Алијансата – рече Јолевски.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...