fbpx

Базата на САД останува на Окинава и покрај протестите

-

Јапонија денеска повторно почна со градежните работи за да ја премести американската воздухопловна база на островот Окинава, и покрај протестите на локалното население.

Градежните работи во заливот Хеноко се продолжени откако полицијата ги растера демонстрантите што се обидоа да го блокираат пристапот до тоа подрачје.

Властите планираа да ја префрлат базата во помалку развиена област на Окинава, но локалните жители сакаат американската база да биде тргната од островот.

Активностите беа запрени во август за да се постигне компромис. Гувернерот на Окинава ја поништи дозволата за планот што ја дал неговиот претходник, но Министерството за сообраќај ја поништи одлуката на актуелниот гувернер.

Централната влада во Токио настои работите да бидат завршени што побргу за да ја ублажи загриженоста за безбедноста на воздухопловните бази, во чија околина се наоѓаат куќи, школи и други цивилни објекти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...