fbpx

Австријците денеска избираат нов претседател на државата

-

Утринава во 8 часот, во Австрија беа отворени речиси сите избирачки места за претседателските избори, на кои околу 6,4 милиони Австријци ќе одлучуваат меѓу кандидатот на десничарската Слободарска партија, Норберт Хофер, и кандидатот кој ја има поддршката на Зелените, Александар ван дер Белен.

Првите резултати, како што пренесуваат медиумите, треба да бидат познати денеска по 17 часот, кога би требало да бидат избројани околу 35 до 40 осто од гласовите, во половина од општините.

Гласањето се одвива под построги правила, според кои деца не смеат заедно со родителите да влезат на гласачкото место. Исто така е забрането и фотографирање и снимање за време на гласањето на избирачките места.

Претседателските избори во Австрија се одвиваат и под зголемено внимание на меѓународната зедница бидејќи, како што претпоставуваат експертите, победата на кандидатот на десницата, по таа на Доналд Трамп во САД, би можела да предизвика зајакнување на крајно десничарските партии и во другите европски земји. Ова би довело до победи на десницата и на евроскептичните партии на претстојните избори во други европски држави, пред сè во Франција.

За време на кампањата, забелешките беа дека доколку Хофер победи и стане претседател, тој може да бара излегување на Австрија од Европската Унија. Кандидатот на десницата ги негираше ваквите тврдења, објаснувајќи дека тој е за развој на ЕУ, но не како централизирана творба, туку како унија на земји членки со поголеми овластувања.

Токму поради овие наводи, пишуваат светските агенции, денешното гласање во Австрија се спроведува во еден вид референдумска атмосфера.

Левичарските активисти вчера во Виена организираа протести против кандидатот на десницата, Норберт Хофер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...