fbpx

Апелацискиот суд ја уважи жалбата на СЈО: Кривичниот суд да ѝ ги даде на Јанева доказите за „Пуч“

-

Апелацискиот суд Скопје ја уважил жалбата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и донел одлука дека нема никакви правни пречки Кривичниот суд да ѝ достави на специјалната обвинителка Катица Јанева копии од списи и електронски докази за предметот „Пуч“, соопшти денеска кабинетот на Јанева.

Со оваа одлука, Апелација го укина решението со кое првостепениот суд го одби барањето на СЈО.

„Во решението, Апелацискиот суд ги уважи сите жалбени наводи на ова јавно обвинителство и констатира дека првостепениот суд немал валидна правна основа спрема ова јавно обвинителство, како овластен тужител во постапката, да се повикува на обврската за чување класифицирани информации, бидејќи советот на Апелацискиот суд е на мислење дека не постојат правни пречки бараните списи и докази да бидат доставени во фотокопија на ова јавно обвинителство. Исто така, советот на Апелацискиот суд наведува дека основано во жалбата се истакнува дека првостепениот суд при одлучување по барањето не ги ценел во доволна мера одредбите од Законот за класифицирани информации и Уредбата за административна безбедност на класифицирани информации, при што советот на Апелацискиот суд како оправдана ја оценил потребата на овластениот тужител да поседува примерок од бараните списи“, стои во соопштението од СЈО.

Одбивањето на судот да му ги достави копиите и електронските докази на СЈО беше причина за одложување на последното рочиште за случајот „Пуч“, во кој обвинети беа поранешниот директор на УБК, Зоран Верушевски, и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Одолжувањето на почетокот на главната расправа во овој предмет не може да се припише на вина на ова јавно обвинителство (СЈО н.з.), кое постапува во рамки на законските прописи, крајно професионално и одговорно“, стои во соопштението од кабинетот на Јанева.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...