fbpx

Андов: Иванов не го почитуваше Уставот, очекувам да се премисли

-

„Очекувам Иванов наскоро да ја смени својата одлука и да му го додели мандатот на Зоран Заев, и поради сигналите кои ги доби од ЕУ. Истовремено, трите албански партии направија тактичка грешка со ултимативните барања за реформи во платформата“, вели првиот претседател на Собранието на Република Македонија, Стојан Андов, во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“.

Тој нагласува дека македонскиот претседател одлуката ја образложил во писмо до претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск, што зборува дека на Иванов му е исто така битно какво е мислењето на ЕУ. Според реакциите од ЕУ, кои беа во насока на тоа Иванов да го даде мандатот на тој што има докази за мнозинство, може да очекуваме дека Иванов наскоро ќе се премисли и ќе го додели мандатот на Заев.

– И очекувам, со нужни образложенија наскоро Иванов да ја промени одлуката и да го даде мандатот на Заев, со тоа што ќе си сочува право и ќе бара право кога ќе се бира владата да му се овозможи специјално обраќање во Собранието каде ќе ги каже сите овие негови забелешки – вели Андов.

Тој смета дека трите албански партии постапиле многу круто со платформата.

– Мислам дека тука тактички се погреши од страна на трите партии на Албанците во Македонија, кои некако лошо го поставија целото прашањето на реформите. Настрана каде е подготвена таа платформа, туку и што тоа се постави како документ „земи или остави“, да нема разговор за тоа, туку тоа да е диктат. Кога нешто се сака да се постигне како договор, има смисла само ако за тоа се разговара и ништо претходно не е готово и не е непроменливо. За сè може да се разговара. Тоа беше таа грешка и таа грешка придонесе за една голема, да речам, национална мобилизација на Македонците. Мислам дека во цела таа работа има многу фалш работи, многу погрешно разбрани работи, погрешно сервирани работи и мислам наскоро, кога ќе почнат да се разјаснуваат работите, ќе се смири и таа мала нервоза во меѓуетничките односи – вели Андов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...