fbpx

АИ: Отворете ги вратите за сириските бегалци

-

Богатите земји треба ги отворат своите врати за стотици илјади Сиријци, бидејќи тие повеќе не се безбедни во регионот, соопшти денеска организацијата за заштита на човековите права „Амнести интернешнел“ во критичкиот извештај кон меѓународната реакција на кризата со сириските бегалци, објави „А1он“

Според организацијата,  околу 380.000 од четири милиони сириски бегалци, кои пронашле засолниште во соседните земји, Либан, Јордан и Турција, треба да бидат префрлени на друго место.

Причината за тоа е бидејќи тие спаѓаат во високоризични категории, врз кои може да бидат извршувани напади или да бидат нарушени нивните права, со оглед на тоа дека меѓу нив има хомосексуалци, лица кои преживеале силувања или измачувања, деца без старетели или лица на кои им е потребна специјална медицинска нега.

Според извештајот на АИ, на околу 80.000 лица им биле понудени домови како бегалци зад границата, додека статусот на уште 300.000 е означен како неопределен.

Организацијата не располага си сите детали за земјите што примаат сириски бегалци, но додаде дека Германија и Канада покажале интерес, додека Велика Британија понудала 900 места.

АИ планира да ја зајакне јавната поддршка за прифаќањето сириски бегалци во западните земји, користејќи го хаштагот на социјалните мрежи #opentoSyria.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поскапе осигурувањето за регистрација на возила за 15 отсто

Осигурувањето за регистрација на возила од вчера поскапе за 15 отсто. Новите цени ќе важат за товарните возила и за коли со моќност над 44 киловати, додека цената за...