fbpx

Заев за хрватска телевизија: Намерно му реков дека материјалите се од странски служби

-

Зоран Заев, лидерот на СДСМ, во изјава за хрватската телевизија „Нова ТВ“, вели дека не сакал да му ја каже вистината на премиерот Никола Груевски за тоа од каде ги добил материјалите за наводните криминални и коруптивни активности на премиерот и на неговите блиски луѓе.

– На прашањето од каде дојде овој материјал до мене, му реков дека е од странски служби. Па, веројатно, нема да ги издадам оние кои се охрабриле и ми ги дале тие материјали. Намерно реков „странски служби“ затоа што некој може да го изгуби животот, животот на своето семејство. Тие луѓе се нивни соработници. Тие не можеа да продолжат да живеат, знаејќи што се случува во нивната земја. Во нормална земја тие материјали се доставуваат во јавното обвинителство, ама тие знаат дека ние немаме јавно обвинителство, немаме судство – изјавил Заев за телевизијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...