fbpx

Ахмети три часa сведочеше во СЈО: Без емоции и без етнички предрасуди до вистината

-

„Ја извршив својата должност и одговорив на поканата на Специјалното јавно обвинителство, институција која е консензуално избрана со волјата на сите политички партии во земјава за да се расветли вистината за сето она што се случило во Македонија“. Ова го изјави лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, по сведочењето во СЈО, кое траеше речиси три часа.

Запрашан дали зборувал само за случајот „Космос“ или, пак, обвинителите на СЈО се интересирале и за други случаи, Ахмети не одговори конкретно, посочувајќи дека станува збор за предистражна постапка.

– Не е коректно да се зборува за тоа, затоа што станува збор за предистражна постапка. Не е коректно да се разговара за други моменти. Не бев прашан за ништо друго – изјави Ахмети.

Тој повторно ја искажа својата поддршка за Специјалното јавно обвинителство и ги повика институциите да работат независно.

– Јас гласав во Собранието за основањето на оваа институција и воопшто не ја избегнував поканата. Бараме од институциите на правосудството да постапуваат независно, без емоции и без етнички предрасуди и да се дејствува во правец на имплементирање на законите бидејќи само на тој начин можеме да одиме напред – рече Ахмети.

Случајот „Космос“ беше дел од прислушуваните разговори што минатата година ги објави СДСМ.

Во дел од нив, како што тогаш објави претседателот на СДСМ, Зоран Заев, можат да се слушнат разговорите на поранешниот премиер и актуелен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, како го договараат уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот Фиат Цаноски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...