fbpx

Руската црква нуди посредништво во спорот меѓу МПЦ и СПЦ

-

Вториот човек на Руската православна црква, митрополитот Иларион Алфеев, изјавил дека Москва сака да посредува помеѓу Белград и Скопје околу црковниот спор, јавуваат српските медиуми, повикувајќи се на Верската информативна агенција (ВИА).

„Руската православна црква не може еднострано да ја признае Македонската православна црква(МПЦ). Тоа треба да се направи на основа на сеправославно решение, а ние сме подготвени да бидеме посредници“, изјавил за бугарските медиуми митрополитот Иларион Алфеев, задолжен за надворешните работи на РПЦ, а пренела агенцијата

Алфеев, минатиот месец го посети Скопје, каде се сретна со поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот г.г. Стефан, претседателот на државата Ѓорге Иванов и со премиерот Никола Груевски. Тој разговараше и со расчинетиот владика Јован Вранишковски, кој издржува казна затвор за финанскиски малверзации.

Еден ден по посетата на Иларион на Македонија, од МПЦ-ОА преку соопштение на нејзината веб-страница информираа дека побарале од државните власти милост за Јован Вранишковски, односно да биде ослободен од понатамошно издржување на казната.

Одговор на молбата од МПЦ-ОА сè уште нема.

Како што пренесуваат српските медиуми, според ВИА, посетата на митрополитот Иларион предизвикала расправа во Македонија, каде владее скепска во поглед на неговите намери и можности, а некои во земјата го поставуваат прашањето за тоа што би била противуслугата за пуштањето на Вранишковски од затвор бидејќи не се нуди автокефалност иако за одредени кургови сè помалку од тоа е безвредно.

Агенцијата потсетила дека можно е да станува збор за понуда за самоуправа на МПЦ во однос на СПЦ, однос кој веќе постои на црковна релација меѓу Москва и Киев, како и со црквите во Молдавија, Естонија и во Летонија.

Тука црквата би имала најширока автономија, а изборот на поглаварот на македонската православна црква би добивал амин од белрадскиот патријарх, навела ВИА, пренесуваат медиумите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...