понеделник, 10 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: СПЦ | 34 резултати

Мило Ѓукановиќ ја руши владата на Дритан Абазовиќ поради договорот со Српската православна црква

11 јули 2022

По само три месеци од нејзиното формирање, црногорската влада на премиерот Дритан Абазовиќ е на пат да го изгуби парламентарното мнозинство. Демократската партија на социјалистите (ДПС) на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ одлучи да ја прекине поддршката на владата на Абазовиќ поради напуштање на европската агенда, објави подгоричкиот весник „Побједа“. ДПС веќе нареднава недела ќе го […]

Бугарскиот митрополит Гавриил до Пендаровски: Нема ништо политичко во одлуката за македонската црква

22 јуни 2022

Решението на Светиот синод на Бугарската православна црква (БПЦ) да го признае канонскиот статус на Македонската црква е донесено според предлогот на српската црква, коментира бугарскиот Ловчански митрополит Гавриил, инаку еден од повлијателните во БПЦ, по исказот на македонскиот претседател Стево Пендаровски кој порача дека има координирана државна политика меѓу бугарските власти и БПЦ. „Денеска […]

Српскиот патријарх Порфириј го додели томосот за автокефалност на МПЦ-ОА

5 јуни 2022

По отслужувањето на заедничката литургија во Соборната црква „Свети Архангел Михаил“ во Белград со македонскиот архиепископ Г.г. Стефан, српскиот патријарх Порфириј денеска го врачи томосот за автокефалност на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, јави српската новинска агенција „Бета“. Томосот, кој беше прочитан во црквата, овозможува целосна автокефалност на македонската црква на територијата на земјава, […]

Порфириј соопшти дека СПЦ ја прифаќа и признава автокефалноста на МПЦ-ОА

24 мај 2022

Српската православна црква (СПЦ) го признава и прифаќа барањето за автокефалност на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), објави српскиот патријарх Порфириј во својот говор по задничката литургија меѓу МПЦ-ОА и СПЦ во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. „Сега кога дојдовме овде ви носиме уште една радост. Светиот архијерејски Собор на СПЦ […]

По заедничката богослужба со поглаварот на СПЦ, г.г. Стефан очекува и признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА

19 мај 2022

На Литургијата на помирување, која денеска се одржа во храмот „Свети Сава“ во Белград, архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан рече дека раната која болеше цели 55 години е излекувана и изрази надеж дека деновиве ќе се случи и признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА. „Благодариме на Бога што наидовме на братољубие кај неговата светос Порфириј […]

Синодот на МПЦ-ОА се заблагодари на Вселенскиот патријарх, соопшти дека се водат разговори со СПЦ

10 мај 2022

Светиот архијерејски синод (САС), на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), денешната вонредна седница се заблагодари на Вселенскиот патријарх Вартоломеј за воспоставувањето евхаристиско единство и соопшти дека продолжуваат разговорите со Српската Православна Црква (СПЦ) во врска со решавањето на црковниот спор. Истовремено, Синодот одлучи да се канонизираат двајцата македонски преродбеници: Јоаким Крчовски и […]

Вселенската Патријаршија ја призна МПЦ-ОА како канонска, последното ниво пред автокефалност

10 мај 2022

На седница на Светиот Синод на Вселенската патријаршија вчера е донесена одлука свештенството и верниците на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) да се примат во евхаристиско (литургиско) единство, односно ја признава како црква со своја организација, но која не е автокефална. Прифаќањето на МПЦ-ОА е под името „Охридска“, со Господин господин Стефан како […]

Српскиот патријарх Иринеј почина од ковид-19

20 ноември 2020

По повеќе од две седмици боледување од ковид-19, утрово во 7.07 часот во воената ковид болница „Карабурма“ во Белград, починал српскиот патријарх Иринеј, соопшти претпладнево Српската Православна Црква – Пеќка Патријаршија (СПЦ). Засега нема детали за погребот. Од упокоениот српски патријарх прв се прости претседателот на Србија, Александар Вучиќ, уште пред да биде објавено официјалното […]

Митрополитот Амфилохије: Не треба да не фаќа паника околу посетата на македонската делегација кај Вартоломеј

3 февруари 2020

Белградскиот весник „Време“ објави интервју со Амфилохије, митрополит црногорско-приморски на Српската православна црква (СПЦ). Додека поголем дел од интервјуто  се однесува на тековните состојби со Црна Гора, тоа содржи и изјава во врска со спорот со македонската црква, МПЦ-ОА. ​Во главниот дел на интервјуто, Амфилохије ја обвинува црногорската власт за креирање на проблемот со Законот […]

СПЦ, сепак, ќе може да се регистрира во Црна Гора под своето име

28 јануари 2020

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од […]

Црковниот спор меѓу СПЦ и МПЦ „стигна“ до заговор на НАТО за разбивање на православието

20 јануари 2020

Неодамнешната посета на техничкиот премиер Оливер Спасовски и екс-премиерот Зоран Заев на седиштетото на Вселенската патријаршија во Истанбул и разговорите со вселенскиот патријарх Вартоломеј предизвикаа голем интерес во српската јавност. Но, покрај информирањето, може да се сретнат и примери на развивање теории на заговор против СПЦ и воопшто против православието. Еден од помаркатните примери е оној што може да се види […]

Црна Гора со инциденти во парламентот го усвои Законот за верските заедници

27 декември 2019

Црногорскиот парламент изминатава ноќ го усвои Законот за верските заедници. Ноќеска во Подгорица беше тензично, просрпските опозициски партии во парламентот поднесоа амандмани на законот, кои откако им беа одбиени, започнаа кавга со останатите пратеници и почнаа да ја кршат техниката во собраниската сала. Членовите на црногорската влада ја напуштија седницата пред инцидентот, додека полицијата интервенираше […]

Вучиќ ја искритикува Српската православна црква поради Косово

8 ноември 2018

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави денеска дека е засегнат од „лошто мешање“ на Српската православна црква (СПЦ) во политиката за Косово, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. По повод соопштението на Соборот на СПЦ, „дека по ниту една цена не смее да се доведе под знак прашање суверинитетот и интегритетот на Србија на Косово“, […]

Попов: Србија во Македонија игра во корист на Русија

26 септември 2018

Директорот на новосадскиот Центар за регионализам, Александар Попов, денеска изјави дека Србија се однесува обратно од здравиот разум и на испраќа порака во добар правец кога е во прашање претстојниот референдум во Македонија, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. – На Србија како соседна земја, би требало да и биде во интерес да имаме стабилни […]

Иринеј: Вселенскиот патријарх не треба да носи еднострана одлука за МПЦ

20 јуни 2018

Српскиот патријарх Иринеј изјави дека би било грешка ако вселенскиот патријарх донесе еднострана одлука за афтокефалност на „канонски непризнаените цркви во Македонија и Украина, бидејќи на тоа би му се спротивставил целиот православен свет“. -Цариградскиот патријарх е прв меѓу еднаквите, а не прв без еднаквите. Затоа и, не дај Боже, да постои намера на сесветиот […]

Заев во ист коверт ги ставил неговото и писмото на владиците до Вартоломеј

31 мај 2018

Македонскиот премиер Зоран Заев во ист коверт ги ставил неговата молба до Вселенскиот патријарх Вартоломеј и писмото на владиците од Македонска православна црква – Охридска архиепископија МПЦ-ОА, со кое се бара да се реши долгогодишниот проблем на македонската црква и да се додели автокефалност. Тоа се гледа од неговото писмо, што Владата денеска го препрати […]

МПЦ ја покани БПЦ на 1.000 годишнината на Охридската архиепископија, СПЦ ќе слави посебно

11 мај 2018

Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) ја поканила Бугарската православна црква (БПЦ) на одбележувањето на 1.000 годишнината на Охридската архиепископија. Поглаварот г.г. Стефан за бугарската агенција БГНЕС потврдува дека поканата е испратена до бугарскиот патријарх Неофит и до државниот врв на Бугарија за заедничко одбележување на 1000-годишнината од основањето на Охридската архиепископија. Според најавите […]

Саборот на СПЦ ќе расправа за МПЦ-ОА и односите со БПЦ

2 мај 2018

Барањето на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) до Бугарската православна црква (БПЦ) да и биде мајка-црква, како и новата територијална организација на СПЦ што релативно ја засега и Македонија, се работите за кои ќе се дискутира на пролетното заседание на Светиот архиерејски сабор на Српската православна црква (СПЦ). Синодот на СПЦ досега формално […]

Иринеј: Зад договорот помеѓу БПЦ и МПЦ стои политичка позадина

3 јануари 2018

Зад односите меѓу БПЦ и МПЦ има политичка позадина вели српскиот патријарх Иринеј во интервју за весникот „Печат“. За новонастанатата ситуација со Бугарската православна црква, чиј Синод ја прифати улогата на мајка црква на македонската црква со што таа би обидела да стекне легалност и автокефалност, Иринеј вели дека се работи за чиста фарса. Во […]

Грчката црква „се моли“ сестринската БПЦ да не и биде „мајка црква“ на МПЦ

16 декември 2017

Светиот aрхиерејски синод на грчката црква на завчерашното заседание ја разгледал одлуката на БПЦ да го прифати барањето, како што се вели во соопштението, „на расколничката црква“ да ја преземе улога на нејзина „мајка црква“. „По тој повод, Светиот синод ја изразува својата загриженост, заради фактот на мешање, со таа одлука, на Бугарската православна црква […]

Страна 1 од 2