fbpx

Милан испрати понуда за Дестро

-

Фудбалскиот тим Милан, кој неодамна во своите редови го донесе Алесио Черчи, веќе планира нови засилувања на своите напаѓачки редови.

Во прв план за росонерите е Матија Дестро, фудбалер на Рома, кој не добива голема минутажа под водство на Руди Гарсија.

Талентираниот напаѓач, наводно, ги разгледува опциите, а се шпекулира дека во текот на зимата би можел да ја смени средината. Росонерите, според извештаите на италијанскиот печат, испратиле официјална понуда за италијанскиот фудбалер.

Станува збор за сума од 15 милиони евра, колку што Милан сака да издвои за ангажирањето на овој играч. Рома, од друга страна, бара 20 милиони за својот играч.

Италијанските медиуми, исто така, шпекулираат дека целата зделка би можела да биде финансиски овозможена со продажба на Стефан ел Шаарави. Сепак, овој фудбалер неодамна беше категоричен кога стануваше збор за неговата иднина во Милан, велејќи дека останува во клубот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...