fbpx

Битолчани на студот трошат вода како среде лето

-

Поларната температура ја зголеми потрошувачката на вода во Битола како среде лето.

Од Нова година до денеска, во просек се трошат по 600 литри вода во секунда, како во најтоплите денови во текот на изминатото лето. Чешмите на битолчани течат и дење и ноќе од страв да не им замрзне водата во цевките, па да направи поголема штета на водоводната инсталација,велат од ЈП „Водовод“ во Битола.

– Граѓаните ставуваат да не им замрзне водата во чешмите, особено во надворешните чешми и во куќите, па затоа ги оставаат отворени славините. Така потрошувачката на вода овие денови е од 400 до 600 литри во секунда. Колку за споредба, во најголемата горештина, во шпицот на летото, потрошувачката беше до 800 литри во секунда, но оваа бројка може да се достигне доколку еден месец континуирано температурата е под -10 Целзиусови степени – вели Миле Ѓоргиевски, раководител на техничкиот сектор во ЈП „Водовод“ во Битола.

Во исто време, од Нова година до денеска, повеќе од триесеттина граѓани во ЈП „Водовод“ пријавиле дека од студот им испукале стаклата на водомерите.

Од ЈП „Водовод“ велат дека битолчани не треба да стравуваат од недостиг на вода и покрај зголемената потрошувачка.

Од Нова година во градот имало три големи дефекти на водоводната мрежа, кои, за среќа, бргу биле санирани, па само мал дел од граѓаните за празниците по неколку часови останале без вода.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...