fbpx

90 проценти од компаниите имаат потреба од странски експерти

-

90 проценти од домашните претпријатија повторно би аплицирале на проектот „Странски експерти за домашни компании“, поддржан од швајцарската и од други амбасади, информираат од Владата каде што беше промовиран третиот јавен повик за проектот „Странски експерти за домашни компании“.

„Суштината на овој проект е да се пренесат искуствата од странски експерти во македонските компании за да се примени нивото на новите технологии во нашите компании, нивото на соработка со странски компании што имаат поголемо искуство во примената на новите технолошки достигнувања и менаџирање. Овој проект треба да им помогне на домашните компании да ги зголемат својот капацитет и своите знаења за да можат да бидат поконкурентни на светскиот пазар“, изјави вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев.

Досегашните постигнувања од овој проект покажуваат дека дури 78 проценти од компаниите се задоволни од користењето на странска експертиза. Рокот за пријавување на третиот повик е до 29 јули.

На настанот присуствуваа претставници на стопанските комори и амбасадорката на Швајцарија во Македонија, Сибил Сутер Тејада, која рече дека Швајцарија поддржува 14 економски проекти во земјава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...