Основачот на социјалната мрежа „Фејсбук“, Марк Зукерберг ги отфрли обвинувањата искажани од претседателот на САД, Доналд Трамп кој рече дека оваа компанија е против него.
-„Фејсбук“ од секогаш беше против Трамп. Социјалните мрежи секогаш биле против Трамп – напиша претседателот на САД, на својот „Твитер“ профил обвинувајќи ги и медиумите „Њујорк Тајмс“ и „Вашингтон пост“ дека работат против него и запраша дали можеби тие соработуваат.
Зукерберк на „Фејсбук“ објави дека тој секојдневно работи на поврзување на луѓето и градење на заедница за сите.
Тој напиша дека за време на кампањата во 2016 година во САД Интернетот за прв пат служел како средство за примарна комуникација на кандидатите.
Зукерберк исто така напиша дека жали што после изборите рекол дека е „лудо“ да се помисли дека дезинформациите на „Фејсбук“ го промениле исходот на изборите.
„Фејсбук“ наскоро на увид на конгресните истражители ќе им предаде околу 3.000 политички реклами за кои се сомнева дека најверојатно ги купиле Руси за време на претседателските избори и после тоа.
И самиот Трамп се рекламираше на „Фејсбук“, а за време на кампањата потрошил приближно 70 милиони долари за објави на таа мрежа.
Претставници на „Фејсбук“, „Твитер“ и „Гугл“ повикани се да сведочат пред Истражувачкиот комитет на американскиот Сенат на 1 ноември за наводите во врска со мешањето на Русија во американските избори.