ЗНМ и ССНМ инсистираат политичките партии да го прифатат предлогот на Ванхауте

-

Утре политичките партии продолжуваат со преговори за реформите во медиумите, па затоа ги повикуваме ЕУ и САД да инсистираат кај преговарачите да го прифатат предлогот на белгискиот олеснувач Питер Ванхауте, истакна на денешната прес-конференција претседателот на Здружението на новинари, Насер Селмани.

Според него, овој предлог е најдобро решение затоа што во него се имплементирани најдобрите европски практики дополнети со искуствата на македонските новинари.

– Ги повикуваме политичките партии да демонстрираат политичка зрелост и да го прифатат предлогот на Ванхауте за реформите во медиумите. Со овој закон, МТВ ќе стане сервис на граѓаните и ќе престане практиката власта да ги корумпира медиумите. Само така може да се обезбедат фер и демократски избори – изјави Селмани.

Предлогот на Ванхауте е прифалтив и за Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници. Тамара Чаусидис, претседателка на ССНМ, вели дека ова се клучни моменти како за иднината на Македонија така и за професијата новинар.

– Новинарството има силни непријатели, кои имаат пари, моќ и власт. ССНМ нема да прифати решение кое ќе ја деградира професијата новинар и затоа мислиме дека се потребни системски чекори за решавање на овој проблем. Дотогаш идеално решение за медиумите е да се прифати законот на Ванхауте – изјави Чаусидис.

Денеска, во 16 часот, претставници на ЗНМ ќе имаат средба со техничкиот премиер Емил Димитриев.

Иран упати остро предупредување до Трамп: Ќе ја завршиме оваа војна

Иран изјави дека нападот на САД врз нивнитенуклеарни постројки го проширил опсегот на легитимни цели за неговите вооружени сили и го нарекоа американскиот претседател Доналд Трамп „коцкар“ затоа што се приклучил...

Magic: The Gathering карта од новата едиција на Final Fantasy доби обид за продажба по цена од 50.000 долари

Картата „Golden Traveling Chocobo“ доби обид за продажба од 50.000 долари на eBay. Се работи за најнов кросовер помеѓу Magic: The Gathering и Final Fantasy серијалот, едицијата што излезе на 13...

Од УСС УКИМ апелираат на навремено решавање на проблемите во студентските домови

Универзитетското студентско собрание на УКИМ (УСС-УКИМ) доставиле две официјални барања до Државниот студентски дом – Скопје, студентскиот дом „Пелагонија“ и Министерството за образование и наука, во врска со унапредување на условите...

Скопјанец извршил семејно насилство врз својата четиригодишна ќерка

Против 28-годишен скопјанец е поведена постапка за нанесување – Телесна повреда согласно член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Основното јавно обвинителство Скопје ја иницираше постапката...

Иран упати остро предупредување до Трамп: Ќе ја завршиме оваа војна

Иран изјави дека нападот на САД врз нивнитенуклеарни постројки го проширил опсегот на легитимни цели за неговите вооружени сили и го нарекоа американскиот претседател Доналд Трамп „коцкар“ затоа што...