fbpx

ЗНМ и СЕММ подготвија публикација „Насоки за безбедно и професионално известување за корона вирусот“

-

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), во интерес на подобро информирана јавност и побезбедни новинари и медиумски работници при извршување на нивните секојдневни професионални обврски, подготвија публикација со наслов: „Насоки за безбедно и професионално известување за коронавирусот (COVID-19)“.

Публикацијата, во првиот дел, нуди насоки за етичко, професионално и одговорно известување за коронавирусот во услови на светска пандемија. Во таа насока, обезбедени се препораки да се користат релевантни извори на информации, да се избегнува сензационализам, да се употребува соодветен речник, внимателно да се користи визуелизацијата и друго.

Вториот дел на публикацијата претставува еден вид на протокол за заштита и самозаштита на новинарите и медиумските работници при пандемијата од болеста Ковид-19 (коронацвирус). Во овој дел се говори за стандардните мерки за претпазливост, а се обезбедуваат и препораки за известување на новинарите и медиумските работници од терен, како и насоки за редакциско работење и гостувања во емисии на надворешни лица.

Публикацијата е достапна на македонски и албански јазик, а наскоро ќе биде преведена и на англиски јазик.

Автори на Насоките се извршната директорка на Советот за етика во медиумите, д-р Марина Тунева и Огнен Јанески, новинар и алумни истражувач при Одделот за јавни информации на ООН.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...