fbpx

Жителите на Лакавица не сакаат центар за апстиненти во селото

-

Десетина дена откако советниците од Општината Штип донесоа одлука зградата на старото училиште во селото Лакавица да прерасне во Центар за работна терапија за апстиненти од алкохол, се спротиставија жителите на селото. Тие побараа да се поништи одлуката на Советот откако слушнале дека старото училиште ќе се реконстуира во простор што ќе го користат алкохоличари. Најавија и петиција.

Во одлуката на Советот стои дека училиштето се издава на десет години на Здружението на апстиненти за едукација, мотивација, рехабилитација и превенција од алкохол, тутун, таблети и друго „Здрав живот“ од Скопје.

Претседателот Владимир Панзов вели дека Центарот ќе работи по пример на американскиот „Бети Форд“, каде ќе престојуваат по дваесетина апстинетни од Македонија, а има најава и за посетители од Норвешка и од Труција. Стручен тим ќе работи со апстинентите, но главна терапија ќе биде работата.

– Во овој центар нема да се спроведува медикаментозна терапија, туку ќе се спроведува работна терапија. Покрај ова, посетителите на центарот, ќе бидат ангажирани на креативни активности, според тоа за што имаат афинитет. Тука е вклучена компонентата на социјалното претприемаштво преку која сакаме овој центар да има своја самоодржливост преку производство и продажба, што потоа ќе се реинвестира во центарот, за негово технолошко подобрување и поефикасна работа – вели Панзов.

Од Општината велат дека жителите на селото Лакавица немаат доволно информации за тоа какви луѓе ќе престојуваат во овој центар. Меѓутоа, ако останат на ставот дека се против работењето на центар за апстиненти и достават петиција, Општината е подготвена да ја разгледа.

Ваков центар веќе неколку години успешно работи во струмичкото село Баница, во рамките на невладината организација „Избор“. Освен од Општината Струмица, тераписката заедница на апстиненти „Покров“ добива поддршка од МПЦ – Струмичка епархија и од домашни и странски фондации.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...