ЗДРАВО МЛАДИ организира бесплатна работилница за креирање AR филтер на Инстаграм

Фото: Souvik Banerjee on Unsplash

Фестивалот ЗДРАВО МЛАДИ организира бесплатна работилница за млади на возраст од 16 до 20 години кои сакаат да научат како се креира и објавува АR филтер на Инстаграм. Работилницата ќе се одржи во џебното кино во МКЦ-Скопје на 22 август, со почеток од 18 часот.

Пријавувањето за работилницата е отворено до 18 август, а заинтересираните млади треба да испратат кратка биографија и контакт на [email protected]. Бројот на учесници е ограничен, а избраните учесници на работилницата ќе бидат контактирани најдоцна до 20 август.

„Целта на работилницата е да се истражи потенцијалот на Аугментираната Реалност како медиум за креативно изразување, раскажување приказни и пренесување/амплифицирање на пораки“, велат од ЗДРАВО МЛАДИ.

Низ практични примери и работа во софтвер за реализација на AR филтри, учесниците ќе научат како се скицира, тестира и објавува AR филтер.

Работилницата е бесплатна и не е потребно претходно искуство со аугментирана реалност за да се учествува, но учесниците треба да понесат свој лаптоп и да го имаат симнато бесплатниот софтвер SparkAR. За тестирање на филтрите учесниците треба да имаат Инстаграм профил и да се корисници на Фејсбук.

Работилницата за AR филтри ќе ја води македонската уметница Кристина Пулејкова.