fbpx

Завршија 54. СВП, врачен „Златниот венец“

-

Со врачувањето на наградите „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ на меѓународниот поетски митинг „Мостови“, што традиционално секоја година се одржува на Мостот на поезијата, синоќа во Струга заврши 54. издание на „Струшки вечери на поезијата“.

На Мостот на поезијата признанието „Златен венец“ на годинашниот лауреат, кинескиот поет Беи Дао, кој е 50. јубилеен добитник, му го додели претедателот на управниот одбор на СВП, Славе Ѓорѓо Димоски. Највисокото признание на фестивалот, „Златниот венец“, се состои од филигрански изработен ловоров венец.

Наградата „Мостови на Струга“, за дебитантска поетска книга на млад странски автор, на шпанската поетеса Паула Бозалонго ѝ ја врачи директорот на фестивалот, Мите Стефоски, додека наградата „Браќа Миладиновци“, за најдобра стихозбирка на македонски јазик објавена меѓу две фестивалски изданија, на поетесата Виолета Танчева-Златева ѝ ја врачи претседателот на жири-комисијата Зоран Анчевски.

Традиционално на полноќ беше прогласен и добитникот на наградата „Енхалон“, за најдобра песна на млад автор од Македонија, која годинава ѝ припадна на поетесата Афродита Николова за песната „Во налетот на ветрот“.

Покрај добитниците на наградите, на поетскиот митинг настапија и поети од разни страни на светот.

Поетските читања денеска се преселуваат во Скопје. Поетско матине ќе се одржи во манастирот „Свети Андреја“ на Матка и на плоштадот Македонија, во близина на Камениот мост. Лауреатот на СВП, Беи Дао, ќе биде примен во Друштвото на писателите на Македонија, каде ќе биде прогласен за почесен член.

Педесет и четвртиот поетски фестивал свечено беше отворен во средата, со традиционално читање на Константиновата „Т’га за југ“, палење на фестивалскиот оган и со поетското послание на Адонис пред Домот на поезијата во Струга. Учествуваа повеќе од 40 поети од 29 земји.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...