fbpx

Заврши заложничката драма во Бамако, 27 лица убиени

-

Министерството за одбрана на Мали соопшти дека специјалните сили ги ослободиле заложниците што џихадистите ги држеле заробени во хотелот „Радисон блу“ во претстолнината Бамако.

Според најновите информации, убиени биле 27 лица, а неколку напаѓачи и понатаму се криеле во хотелот.

Засега е познато дека некои од жртвите се државјани на Мали, Франција и на Белгија.

Терористичката џихадистичка група Ал мурабитун ја презеде одговорноста за инцидентот, во кој вооружените напаѓачи држеа во заложништво 170 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...