fbpx
Таг: заложништво

таг: заложништво

Заложничката драма во Дака заврши со убиство на 20 цивили и на шест милитанти

Заложничката драма во Дака заврши со убиство на 20 цивили и на шест исламски милитанти, кои ги држеа во заложништво гостите во ресторанот „Холи артисан бејкери“. Безбедносните сили на Бангладеш употребија сила за да ѝ стават крај на десетчасовната заложничка драма. Во акцијата биле спасени 13 заложници, а еден од напаѓачите бил уапсен. Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава.

Иран ги ослободи американските морнари

Иранската револуционерна гарда соопшти денеска дека ги ослободила десетте американски морнари што синоќа ги зароби во Персискиот Залив. Иран приведе морнари на два американски чамци затоа што ги нарушиле иранските територијални води. Командантот на револуционерната гарда, Али Фадави, рече дека истрагата утврдила дека морнарите завршиле во иранските води поради дефект на навигацискиот уред. Претходно, командантот на иранската армија, генерал-мајор Хасан Фирузабади, рече дека...

Заврши заложничката драма во Бамако, 27 лица убиени

Министерството за одбрана на Мали соопшти дека специјалните сили ги ослободиле заложниците што џихадистите ги држеле заробени во хотелот „Радисон блу“ во претстолнината Бамако. Според најновите информации, убиени биле 27 лица, а неколку напаѓачи и понатаму се криеле во хотелот. Засега е познато дека некои од жртвите се државјани на Мали, Франција и на Белгија. Терористичката џихадистичка група Ал мурабитун ја презеде одговорноста...

Бунтовниците го заробија претседателот на Јемен

Шиитските бунтовници го држат заробен претседателот на Јемен, Абдрабух Мансур Хади во неговиот дом во Сана, јавуваат странските медиуми. Бунтовниците, според локалните медиуми, ги истерале членовите на обезбедувањето на претседателот и поставиле свои луѓе кои не му дозволуваат на Хади да го напушти домот, а под своја контрола го имаат премиерот Халед Бахах, како и шефот на кабинетот на претседателот,...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...