среда, 17 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: напаѓачи | 30 резултати

Запален автомобилот на пратеничката на СДСМ, Шуманска – Митева

март 15, 2018

Во Виница ноќеска бил опожарен автомобилот на пратеничката на СДСМ, Славица Шуманска – Митева, неколку часа откако во Собранието беше изгласан Законот за јазиците. Како што извести МВР, ноќеска околу 1.30 часот на улицата „Славчо Стојменски“ во Виница, непознати сторители скршиле стакло на автомобил „сеат леон“ со винички таблички, сопственост на С.Ш.М., ја полеале внатрешноста […]

Судењето на напаѓачите на Села во Собранието закажано за 26 јануари

јануари 11, 2018

На 26 јанаури Кривичниот суд го закажа почетокот на судењето на напаѓачите на лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, кои се товарат за обид за убиство. Села беше еден од најтешко повредените за време на насилствата во Собранието од 27 април. Судењето, како што јавува „Телевизија 24“ ќе го води судијката Славица Андреевска. За […]

OJO идентификувало еден од убиените напаѓачи во менувачницата во Кисела Вода

ноември 27, 2017

Основното јавно обвинителство Скопје извршило увид во менувачницата во Кисела Вода каде попладнево при обид за разбојништво две лица беа убиени. Од ОЈО информираат дека познат е идентитетот на едно од починатите лица. Надлежен јавен обвинител издал наредба за обдукција на починатите и за вештачење на прибраниот доказен материјал. „Обезбедени се траги од местото на […]

Најмладата жртва во Барселона е тригодишно девојче

август 18, 2017

Меѓу загинатите и повредените во терористичкиот напад во Барселона има државјани од најмалку 24 земји, а најмладата жртва е тригодишно девојче. Шпанската полиција потврдила дека меѓу убиените во Барселона, тројца се Германци и еден Белгиец. Повредените се државјани на Франција, Германија, Холандија, Аргентина, Венецуела, Белгија, Австралија, Унгарија, Перу, Романија, Ирска, Грција, Куба, Македонија, Кина, Италија […]

Седум загинати во нападот во Лондон, тројцата осомничени убиени во судир со полицијата

јуни 4, 2017

Седум лица загинаа, а 48 се повредени во терористичкиот напад што синоќа се случи на две локации во Лондон – на маркетот Бороу и на Лондонскиот мост, пренесува „Би-би-си“. Како што е соопштено на брифингот рано утрово, полицијата при интервенцијата застрелала и убила тројца мажи, осомничени дека го извршиле нападот. Според полицијата, осомничените доше во судир […]

ОЈО ги гони двајцата напаѓачи на Села за обид за убиство и побара притвор

мај 10, 2017

Основното јавно обвинителство – Скопје информираше дека до овој момент биле идентификувани двајца напаѓачи на пратеникот З.С. за време на настаните во Собранието на 27 април. Оттаму додаваат дека од досега прибавените докази, обвинителството оценило дека постои основано сомневање дека овие две лица, заедно со други, кои во овој момент не се идентификувани, го извршиле кривичното дело, […]

Полицијата приведе двајца од напаѓачите на Села, кривична пријава доби напаѓачот на Заев

мај 10, 2017

Полицијата рано утринава извршила претрес во домот на К.Ѓ. (39), а потоа го привела заедно со неговиот татко Ц.Ѓ. (68), под сомневање дека се едни од напаѓачите на пратеникот Зијадин Села во Собранието за време на насилното влегување на група граѓани во законодавниот дом. Од МВР соопштуваат дека при претресот во 6 часот утринава биле пронајдени […]

Повеќе од 100 лица убиени во напад на воена база во Авганистан

април 22, 2017

Повеќе од 100 војници загинале во нападот на талибанците на воена база на северот на Авганистан, соопштило утрово авганистанското министерство за одбрана, јавуваат светските агенции. Станува збор за прво официјално соопштение на авганистанските власти по нападот на базата во градот Мазар-е-Шариф, кој се случи вчера и траеше неколку часа и за кој првин извести командата […]

Насилствата во Скопје продолжуваат – тинејџери тепани од групи насилници

март 3, 2017

Насилствата од претходните денови, кога во Скопје групи насилници напаѓаа и тепаа граѓани, продолжиле и вчера, се дознава од најновиот полициски билтен. Вчера во Скопје имало два такви напади. Првиот се случил во автобус на ЈСП, кој сообраќал на линијата 50. На автобуската постојка кај АСУЦ, околу 13 часот, 16-годишник бил физички нападат од неколку […]

Избоден бегалец од Сирија на островот Хиос

декември 27, 2016

Нов инцидент се случи во бегалскиот камп Суда на островот Хиос, кога пет лица брутално нападнаа бегалец од Сирија. Момчето на 26-годишна возраст било прободено повеќепати во градниот кош и во раката. Повредениот бегалец сам успеал да дојде до болницата на островот и колабирал само што стигнал пред влезот. Извори од болницата за локалните медиуми на […]

Напаѓачите од Германија добивале инструкции од членови на ИД во Саудиска Арабија

август 6, 2016

Напаѓачите кои во јули изведоа терористички напади во Германија преку интернет добивале упатства од членови на Исламска држава, кои се наоѓале, меѓу други земји, и во Саудиска Арабија, јавуваат германските медиуми, повикувајќи се на извори од Сојузната канцеларија за борба против криминалот. Двајцата напаѓачи, 17-годишниот мигрант од Авганистан кој на 18 јули во воз во […]

Идентификуван еден од напаѓачите во Сент Етјен ду Рувре

јули 27, 2016

Француските власти идентификуваа еден од двајцата терористи што вчера упаднаа во црквата во Сент Етјен ду Рувре и го убија свештеникот Жак Амел. Станува збор за 19-годишниот Кермиш Адел од Монт Сант Ењан, кој немал криминално досие, но ѝ бил познат на полицијата по двата неуспешни обиди да замине во Сирија. – Сè уште е во […]

Кривични пријави за напаѓачите на полициските службеници во Тетово

јуни 11, 2016

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривични пријави до Основното јавно обвинителство против четири лица осомничени за нападот врз полициските службеници во Тетово. За обид за убиство осомничен е 69-годишниот А.И, а неговиот син, 40-годишниот И.И е осомничен за напад на службено лице, кој го извршил при обид да биде уапсен за издржување едногодишна затворска […]

Едно лице приведено за вчерашниот напад на четворица полицајци во Тетово

јуни 10, 2016

Основното јавно обвинителство Тетово, во координација со СВР-Тетово, презеде дејства за расветлување на вчерашниот ицидент во кој при обид за лишување од слобода на осуденик, беа нападнати и повредени четворица полициски службеници. При вршење на увидот на местото на настанот, пронајдени се, фотодокументирани и подигнати се за вештачење повеќе траги, а се преземаат и мерки […]

Белгиските медиуми објавија фотографии од осомничените за нападот на аеродромот

март 22, 2016

Белгиските медиуми објавија фотографија од тројца мажи за кои постои сомнеж дека го извеле терористичкиот напад на бриселскиот аеродром. Фотографијата е од безбедносните камери. На фотографијата се гледаат тројца млади мажи со темна коса, кои туркаат количка со багаж. Нивниот идентитет не е познат. Белгискиот федерален обвинител барал медиумите да не објавуваат фотографии во интерес на […]

Најмалку 12 лица загинале во вооружен напад во Хонудрас

март 6, 2016

Најмалку 12 лица загинале, а тројца се ранети кога вооружен напаѓач пукал во сала за билијард во претстолнината на Хондурас, Тегусигалпа. Портпаролот на полицијата, Едгардо Барахона, изјавил дека најмалку тројца од петмина напаѓачи носеле полициски униформи и панцири и истакнал дека жртви на нападот се лица на возраст од 19 до 30 години. Никој не […]

Исламска држава тврди дека стои зад нападите во Џакарта

јануари 14, 2016

Терористичката организација Исламска држава тврди дека стои зад серијата бомбашки напади што денеска се случија во главниот град на Индонезија, Џакарта, јавуваат светските медиуми. Во соопштение, објавено од Исламска држава, било наведено дека нападите биле изведени од „војници на калифатот“, а цел биле „граѓаните на крстоносната коалиција“. Според информациите, во нападите се убиени најмалку двајца […]

Белгиската полиција пронашла отпечатоци од напаѓачите од Париз

јануари 8, 2016

Белгиското федерално обвинителство денеска соопшти дека полицијата пронашла траги од експлозив, рачно направени појаси и отпечатоци од прсти од лицата што побегнале по терористичките напади во Париз. Трагите се пронајдени во стан во Брисел на 10 декември. Обвинителството соопшти дека станот во бриселскиот кварт Шербек бил изнајмен под лажно име и оти можеби го користеле и […]

Заврши заложничката драма во Бамако, 27 лица убиени

ноември 20, 2015

Министерството за одбрана на Мали соопшти дека специјалните сили ги ослободиле заложниците што џихадистите ги држеле заробени во хотелот „Радисон блу“ во претстолнината Бамако. Според најновите информации, убиени биле 27 лица, а неколку напаѓачи и понатаму се криеле во хотелот. Засега е познато дека некои од жртвите се државјани на Мали, Франција и на Белгија. Терористичката […]

Малолетник нападнат со нож на улица во Скопје

ноември 5, 2015

Тринаесетгодишно момче, вчеравечер, додека се враќало од продавница, било нападнато и повредено со нож од две засега непознати лица, соопшти скопската полиција. Нападот се случил околу 19.30 часот, кога 13-годишниот Д.Ј. бил пресретнат од двете лица, од кои едното го турнало момчето со раката по рамо, а потоа извадило нож и му нанело исеченица на стомакот. Напаѓачите […]

Страна 1 од 2