Запленети речиси два тона кокаин во Португалија

-

Португалските власти објавија дека вчера заплениле 1,9 тони кокаин на рибарски брод, во рамки на заедничката акција со шпанските власти, во која се уапсени 15 лица. Со акцијата, како што се наведува во соопштението, е разбиена една од најважните криминални организации во Галиција.

– Групата имала блиски врски со колумбиските организации, кои испраќаат големи количества кокаин на Пиринејскиот Полуостров – соопшти полицијата.

Меѓу уапсените има Португалци, Шпанци и еден Колумбиец, на возраст од 25 до 75 години.
Вредноста на запленетата дрога се проценува меѓу 60 милиони и 90 милиони евра.

Атила Бижен Жалили е нов сопственик на 85 отсто од акциите на ФК Вардар

Фудбалскиот клуб Вардар на својата страница на Фејсбук денеска објави дека нов сопственик на клубот со 85 отсто од акциите на клубот, е Атила Бижен Жалили. Тие го пренесуваат...