fbpx

Западот со серија на санкции кон Русија откако ги признаа двете пара-држави Донецк и Луганск

-

САД, Велика Британија, Европската Унија, Јапонија, Канада и Австралија ги објавија најновите санкции кон Русија откако рускиот претседател Владимир Путин се одлучи да ги признае двете пара-држави Донецк и Луганск и да испрати војници во двата отцепени региони од Украина, јавува Ројтерс.

ЕУ воведе санкции кон 27 руски индивидуи и организации, вклучувајќи и банки. Санкции се воведени и кон 351 пратеник од долниот дом на рускиот парламент – Думата. Истовремено, ЕУ се одлучи да ја забрани трговијата помеѓу нејзините земји-членки и двете пара-држави, како и да го ограничи пристапот до европските финансиски пазари.

Би-би-си пренесува дека САД воведоа нова серија санкции во текот на денот кон две руски државни банки, за кои американските власти сметаат дека се клучни за рускиот одбранбен сектор. На овие банки им е забранета било каква дејност во САД и во иднина нема да можат да имаат пристап до американскиот финансиски систем.

Американскиот претседател Џо Бајден одлучи да воведе санкции и кон пет личности, но и додade ограничувања кај договорите кои САД ги имаат склучено со Русија во однос на нејзиниот национален долг.

И Велика Британија вчера воведе санкции кон пет банки и тројца олигарси, но се чини дека најголемиот удар којшто предизвика и официјална реакција од Москва е прекинот на постапката за сертифицирање на гасоводот „Северен поток-2“ од страна на Германија.

Западните лидери веќе ја предупредија Русија дека ќе ја исклучат од глобалниот финансиски сервис СВИФТ, што би довело до тоа руските финансиски институции да не можат да вршат било какви деловни дејности со странство. САД би можеле да ги забранат и трансакциите кои вклучуваат американски долари, што би можело да влијае директно и на руските енергетски компании кои тргуваат гас и нафта во долари. Исто така, можни санкции ако продолжи да се спроведува планот за руска инвазија на Украина би била забраната за извоз во Русија на високотехнолошка опрема, како што се микрочиповите.

Ројтерс јавува дека во текот на изминативе 24 часа Украина соопштила за еден загинат војник и 96 инциденти коишто вклучуваат гранатирање што доаѓа од про-руските сепаратисти од Донецк и Луганск.

Во исто време, агенцијата пренесува податоци од сателитски снимки, кои покажуваат дека и изминатиов ден Русија доведува нови трупи до украинската граница, како и над 100 воени возила кои се дополнително стационирани во јужниот дел на Белорусија.

Инаку, САД соопштија дека по најновиот потег на Путин за признавање на двете пара-држави и испраќањето војници, веќе нема опција за средба на претседателите на САД и Русија. И американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја откажа средбата со својот руски колега Сергеј Лавров, велејќи дека таа веќе нема никаква смисла зашто руската инвазија е почната.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...