fbpx

Заев: Со Кина потпишавме Акционен план за соработка во областа на земјоделството

-

Ја унапредуваме соработката со НР Кина и со земјите од ЦИЕ, посебно во областа на земјоделството, што ветува дополнителен напредок и развој на оваа наша стратешка економска гранка, изјави премиерот Зоран Заев кој учествува на осмиот Самит на шефови на Влади на земјите од ЦИЕ и НР Кина од процесот 16+1 во Дубровник.

Тој додаде дека на овој начин се отвораат нови перспективи за развој на македонското земјоделство.

„Во рамки на одржувањето на осмиот Самит на шефови на Влади на НР Кина со земјите од ЦИЕ 16+1 бевме прва земја потписничка на Акциониот план во областа на земјоделството помеѓу Народна Република Кина и Република Северна Македонија за периодот од 2020 – 2022.Овој Акционен план предвидува зајакнување на билатерална соработка во областа на земјоделството помеѓу НР Кина и Република Северна Македонија, трговија со земјоделски производи, економска соработка и рурален развој, соработка во земјоделските науки и информатичка технологија, како и соработка во областа на безбедност на храната, ветеринарните услуги и рибарството. Оваа зајакната соработка со НР Кина очекувам да придонесе кон зголемување на нашето земјоделско производство, подигнување на стандардите и голема шанса за извоз и пласман на нашите земјоделски производи во НР Кина“, изјави Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...