fbpx

Заев се сретна со холандскиот амбасадор Јоп Хеферс

-

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија, Јоп Хеферс, со кој разговарал за можниот излез од политичката криза, за причините за сложената ситуација во земјата и за последиците на економски план и врз европерспективите.

На средбата Заев му објаснил на Хеферс за злоупотребите на власта обелоденети преку проектот „Вистината за Македонија“ и дека СДСМ ги разгледува сите механизми за враќање на слободата и на демократските процеси во Македонија.

– Тоа, како што стана јасно од прислушувањата што ги правела власта, се манифестира низ закани, уцени, притисоци, криминал и низ корупција, во функција на лични и на теснопартиски цели, а на штета на интерсите на државата и на граѓаните – рече претседателот Заев.

Холандскиот амбасадор Хеферс рекол дека неговата земја и Европската унија внимателно ги следат загрижувачките состојби во Македонија и ја повторил подготвеноста за помош во наоѓање можно решение, информираат од СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...