fbpx

Заев се сретна со генералниот секретар ОН за човекови права

-

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од претседателката на комисијата за правда, Рената Дескоска, попладнево се сретнал со помошникот на генералниот секретар ОН, задолжен за човекови права, Иван Шимоновиќ, придружуван од директорката задолжена за Европа, во одделот на Обединетите нации за политички прашања, Елизабет Спехар, како и од претставници од Високиот комесаријат за човекови прашања во Женева.

На средбата, како што наведуваат од СДСМ, било разговарано за кршењето на човековите права во Македонија со незаконското прислушување од власта, проблемите со злоупотребите на судството, со слободата на говор, како и за актуелната политичката криза во земјава.

За време на разговорите, како што наведуваат во соопштението од партијата, е изразена загриженост за состојбите во Република Македонија кај кои се бележи значителен пад во однос на 2006 година и е констатирано дека за да може земјава да напредува, неопоходно е да се врати на патот на демократијата и на владеењето на правото.

– Решението за враќање на функционални институции, на правната држава, на независноста на медиумите, е преодна влада, којашто ќе ја нормализира државата и ќе создаде услови за слободно изразување на волјата на граѓаните – изјави претседателот Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...