fbpx

Заев: Очекувам поддршка од Бугарија за нашето членство во ЕУ

-

Можно е брзо да се најде решение на отворените прашања со Бугарија, но за тоа е потребна волја од двете страни. Премиерот Зорав Заев посочи дека Македонија и Бугарија потпишале договор со кој прифатиле дека имаме заедничка историја, но Заев потсети и дека дел од историјата ни е посебна на двете земји.

– Во тој дух јас верувам дека комисиите ќе изнајдат решение – истакна премиерот Зоран Заев на денешната прес – конференција во Владата, одговорајќи на новинарско прашање за позицијата на Софија кон евроиинтеграцијата на земјава.

Имено, бугарскиот претседател Румен Радев претпладнево свика координативен состанок за позициите на Бугарија за ЕУ интеграциите на Македонија, во светлина на постигнатото од Заедничката комисија за историјата и учебниците.

Заев посочи дека македонската власт укажала на потребата да се постигне компромис, но за тоа треба напор и од другата страна.

– Комисијата е стручна и е направена за да ги дефинира работите. Нашите укажувања се да преземат храбри чекори, чекори засновани на фактите и на вистината, фактите и вистината се јасни и апелираме да се изнајде решение и верувам дека не е доволно само нашата страна да има волја за тоа, треба и страната од Бугарија – рече Заев.

И тој, како и неговиот бугарски колега, верува дека и ова поглавје од историјата ќе биде надминато и информираше дека до сега се решени четири историски периоди со шест или седум значајни личности кои заедно ги чествуваме како дел од тие периоди.

– Политички покажавме и со договорот дека сме за соработка со Бугарија и продолжуваме во тој правец. Верувам дека и ова поглавје од историјата за кое се разговара ќе биде надминато. Целта ни е да го зајакнеме пријателството и добрососедството. Очекувам дека ќе биде најдено решение. Бугарија е еден од нашите најсилни поддржувачи во ЕУ, а верувам дека тоа ќе го покаже и со одлуката за добивање датум за преговори по 15 години кандидатски статус. Верувам дека нема потреба за загриженост, го примаме алармот и пораките што се испраќаат од Бугарија. Веќе работиме со комисиите, ќе имаме состаноци и ќе укажеме со конечна цел двете страни да бидат среќни и задоволни при постигнувањето на тоа решение – порача македонскиот премиер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...