fbpx

Заев на средба со НВО: Извештаите на Прибе и на ЕК се основа за новата влада

-

Извештаите на Прибе и на Европската комисија се основа на платформата на СДСМ за формирање на новата влада, истакнал лидерот на партијата, Зоран Заев, на денешната средба со граѓанскиот сектор.

„Платформата не е официјален документ, но она што за нас е клучно и ќе биде клучно за сите понатамошни политички чекори се потребните реформи нотирани во извештаите на Прибе и на ЕК. Тоа особено се однесува на владеењето на правото, продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинтелство (СЈО), независно судство и новинарство, департизација на сите државни институции, почитување на принципите на еднаквост на сите граѓани пропишани со Уставот и со потпишаните европските конвенции за човекови права“, рекол Заев на средбата.

На состанокот на Заев и на заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, со невладините организации, како што информираат од партијата, присуствувале претставници на повеќе од 120 организации, заедници, групи и синдикати од поширокиот граѓански сектор.

„Заев и Шекеринска ги посочија како вредни сите чекори кон промените, од формирањето на коалицијата „Граѓаните за Македонија“, „Кампот на слободата“, придонесот на граѓанскиот сектор при носењето политички важни одлуки за државата во Пржино, „Шарената револуција“, документите за реформските приоритети, вклучувајќи ги и сите други заложби на одделните заедници и граѓански групи за решавање на кризите во општеството, предизвикани од страна на недемократската власт“, стои во соопштението од СДСМ за средбата, на која се разговарало и за „понатамошниот развој на настаните на политички план“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа на автопатот Свети Николе-Штип

Тројца загинати е епилогот од денешната сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Свети Николе-Штип во близина на наплатната рампа „Кадрифаково“. Како што информираат од МВР, незгодата се случила...
Download WordPress Themes
Download Best WordPress Themes Free Download
Free Download WordPress Themes
Download WordPress Themes Free
free download udemy course
download xiomi firmware
Premium WordPress Themes Download
free download udemy course