Заев – Меј: Опцијата за името која би можела да биде прифатлива, е комплетно решение

-

Тереза Меј, првата премиерка од Обединетото Кралство што доаѓа во Македонија по скоро 2 децении, рече дека Македонија е интегрален дел од Европа и вети подршка за македонските евроинтеграции.

Меј која со сите почести беше пречекана во Владата, во врска со спорот со името порача дека е значајно тоа што Македонија пружала рака кон својот сосед, но дека за решение ќе треба силна политичка волја за тешки одлуки.

– Знам дека конфликтите од минатото некогаш можат да бидат невозможни за надминување. Многу тешки прашања остануваат нерешени – како внатрешните конфликти во регионот, организираниот криминал и т.н. Мора да се соочиме со предизвиците од минатото, но да останеме амбициозни во обезбедувањето на мирна и просперитетна иднина која вашите граѓани ја заслужуваат – рече премиерката Меј.

Премиерот Зоран Заев посетата ја оцени како круна на долгогодишното партнерство меѓу двете земји, а на следниот самит во Лондон очекува европските лидери да верификуваат напредок на Македонија. Од Софија се враќа со оптимизам.

– Едно е сигурно, пријателството ќе расте меѓу Македонија и Грција и од тоа бегање нема. Довербата е изградена. Граѓаните соработуваат, институциите соработуваат и тоа ќе биде така. Јас искрено верувам дека можеме да најдеме решение, опцијата која би можела да биде прифатлива од двете страни е комплетно решение. Продолжуваат сега консултациите во двете држави – рече Заев.

Попладнево Меј се сретна со претседателот на Собранието, Талат Џафери, му изрази поддршка за реформите, нагласувајќи дека знае дека изминатава година зградата на македонскиот парламент беше сведок на тешки времиња. Меј исто така истакна дека е свесна и за промените кои се случија оттогаш.

– Горда сум што Обединетото Кралство ги поддржува овие реформи преку нашите програми за финансирање. Кога владее демократијата, придобивките ги чувствуваме сите – посилно Собрание значи посилна Македонија – истакна Меј, која имаше средба и со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата македонска култура. Прославата...

Родители на загинатите млади во Кочани бараат одговорност и обвинуваат за притисоци

Родители на загинатите млади во трагичниот настан во Кочани вчера на протестен собир побараа одговорност од институциите и обвинија дека се соочуваат со притисоци и закани за апсење. На протестот, една од...

Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Денеслк во раните утрински часови, во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, се случи трагична сообраќајна несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл. Извршен е увид од страна на...

Бегство во иднината

Емиграцијата на младите луѓе не претставува проблем само за општеството во Црна Гора, туку и за други места во регионот. Има многу студенти од други балкански земји со слична приказна. Кристијан...

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата...