fbpx

Заев: Ќе се дознае поради кој политичар не е постигнат договор во Брисел

-

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска по враќањето од Брисел изјави дека ќе се дознае кој е политичарот поради кој вчера не е постигнат договор.

– Кој тоа бил виновен? Ако ги прашате странците, ќе кажат во овој момент беше Заев, во друг беше Груевски, тука Али Ахмети, наместо да помогне, одмогна и слично. Во секој случај, ние вчера не успеавме да се договориме во Брисел – изјави Заев.

Според Заев, во моментов не е важно кој е виновен за тоа што вчера не е постигнат договор, важно е дека е направен исчекор.

– Важно е дека имаме добар исчекор. Тој добар исчекор дава надеж да потрошиме уште време и енергија да го најдеме конечното решение. Се надевам, како што е тоа од наша страна, така ќе наидеме на подготвеност и од другите партиципиенти. Нашите ставови се јасни. Нашите ставови се образложливи, лесно ги образложуваме и кажуваме зошто треба да биде така. На крајот на денот, не велиме дека ние знаеме сè. Затоа седиме на маса, за да се најде решение кое е најдобро за државата – изјави Заев.

Лидерот на СДСМ смета дека ќе се најде решение доколку сите останеме позитивни.

– Се надевам дека нема да бидат мотивирани „Граѓаните за Македонија“ да ги развиваат сите демократски средства што ни стојат на располагање, оти тие се помалку посакувани средства од решение кое може да го најдеме на маса – изјави Заев, притоа одбивајќи да открие повеќе детали за да не им наштети на понатамошните преговори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...