fbpx

Заев-Бабиш: Европските политичари мора да си го одржат зборот и да дадат датум за почеток не преговорите

-

Скопје и Атина успеаја да најдат заеднички јазик, постигнаа компромис за спорот за името. Вие како држава го сторивте своето, одржавте референдум, ги сменивте името и Уставот, спроведовте реформи, а сега европските политичари кои ви ветија дека откако ќе го сторите тоа ќе бидат отворени преговорите со Европската унија, мора да го одржат својот збор.

Ова денеска го порача чешкиот премиер Андреј Бабиш на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев во Владата.

„Европските политичари ви ветија дека ако ги исполните условите за тоа ќе добиете датум за преговори. Доколку европските политичари не го одржат својот збор тоа ќе дејствува демотовирачки за вашите граѓани и ќе има реперкусии врз целиот регион“, нагласи Бабиш.

Премиерот Зоран Заев рече земјата не бара членство туку датум за почеток на преговорите.

„Тоа ќе ги охрабри и другите лидери во регионот да ги затворат отворените прашања, ќе овозможи фокус да ставиме на економијата, инвестициските перспективи, на шансите за младите и сето тоа ќе значи и почеток на една поширока стабилизација, на која со децении чекаат Европа и светот“, рече Заев.

Премиерот изрази надеж дека наскоро и Чешка ќе го ратификува Протоколот за членство во НАТО и оти земјава ќе може на самитот во декември во Лондон да биде пречекана како 30. членка.

Заев најави дека чешката компанија „Чез Локотранс“ наскоро ќе ја реализира најавената инвестиција во регионален Центар за логистика и дистрибуција со седиште во Скопје, која ќе го опслужува цел Западен Балкан. Ќе работи во сферата на железничката инфраструктура, а вредноста на инвестицијата е 20 милиони евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...