fbpx

За првпат во историјата, во светот има над 100 милиони присилно раселени луѓе

-

Бројот на луѓе принудени да избегаат од конфликти, насилство, кршење на човековите права и прогон сега ја надмина застрашувачката бројка од 100 милиони за првпат во историјата, зголемен од војната во Украина и други смртоносни конфликти.

„Сто милиони се страшна бројка – подеднакво отрезнувачка и алармантна. Тоа е рекорд што никогаш не смееше да се постигне. Ова мора да послужи како аларм за да се решат и спречат деструктивните конфликти, да се стави крај на прогонот и да се решат причините кои принудуваат невини луѓе да ги напуштаат своите домови“, изјави високиот комесар на ОН за бегалци, Филипо Гранди.

Според новите податоци на УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци, бројот на присилно раселени луѓе ширум светот се искачи на 90 милиони до крајот на 2021 година, распламтен од новите бранови насилство или долготрајните конфликти во државите вклучувајќи ги Етиопија, Буркина Фасо, Мјанмар, Нигерија, Авганистан и Демократската Република Конго. Покрај тоа, војната во Украина расели 8 милиони луѓе во рамките на земјата оваа година, а регистрирани се повеќе од 6 милиони бегалски движења од Украина кон надвор.

Со над 1 отсто од глобалното население, вкупната бројка е еквивалентна на 14-тата најнаселена држава во светот. Тука се вбројани и бегалците и барателите на азил, како и 53,2 милиони луѓе раселени внатре во границите на своите држави поради конфликт, според неодамнешниот извештај на Центарот за следење на внатрешното раселување (IDMC).

„Меѓународниот одговор за луѓето кои бегаат од војната во Украина е во огромен дел позитивен,“ додаде Гранди. „Сомилоста е жива и потребна ни е слична мобилизација за сите кризи низ светот. Но, на крајот, хуманитарната помош е палијативна, а не е лек. За да се врати овој тренд наназад, единствениот одговор е мир и стабилност со цел невините луѓе да не бидат приморани да се коцкаат помеѓу страшна опасност дома или несигурно бегство и прогонство“.

УНХЦР ќе го објави својот извештај Глобални трендови на 16 јуни, изложувајќи цел сет глобални, регионални и државни податоци за присилното раселување за 2021, ограничен сет податоци ажурирани до април 2022, како и детали за враќањата и решенијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...