fbpx

За 41,6 отсто зголемен бројот на грипозни во однос на изминатите 13 сезони

Изминатата недела е регистриран еден смртен случај во Штип, од возрасната група над 65 години, без коморбидитети, а лицето било позитивно на ковид 19

-

Бројот на лица со грип и заболувања слични на грип е покачен за дури 41,6 отсто споредено со изминатите 13 сезони, информира утрово Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во извештајот за состојбата со грип во државата. Изминатата недела е регистриран еден смртен случај во Штип, од возрасната група над 65 години, без коморбидитети, а лицето било позитивно на ковид 19.

„Во споредба со 42 недела од минатата сезона, се регистрира зголемување
од 96,3 отсто. Заклучно со оваа недела, пријавени се вкупно 151 случаи на грип. Освен тоа, се следи и состојбата со сериозни акутни респираторни инфекции, па така оваа недела пријавени се вкупно 32 вакви случаи, во Скопје и Штип. Најголем број на овие случаи се пријавени од Институт за белодробно заболување кај децата – Козле,  а во однос на возрасната дистрибуција, најголем број од случаите се деца на возраст до 4 години“, наведено е во соопштението на ИЈЗ.

Согласно извештајот на ERVISS (European Respiratory Virus Surveillance Sumary) објавен за 41-та недела, активноста на вирусот на грип е над базичната вредност во 8 земји од Европскиот регион на СЗО. Во споредба со 40-тата недела, вирусот на грипот останува со ниска активност, додека активноста на RSV и SARS-CoV-2 продолжува да се зголемува.

За сезоната 2023/2024, Министерството за здравство обезбеди бесплатна четиривалентна вакцина во вкупна количина од 60.000 дози, наменета за приоритетни групи население. Дополнителни 15.000 дози на четиривалентна вакцина се обезбедени преку донација од PIVI (Partnership for Influenza Vaccine Introduction).

Вчера започна вакцинацијата против сезонски грип. Вакцинацијата ќе се спроведува во Центрите за јавно здравје со нивните подрачни единици и/или здравствените
домови. Вакцинацијата на здравствените работници ќе се спроведува во Институтот за јавно здравје. Закажувањето за бесплатните вакцини се одвива преку веб-страницата
www.vakcinacija.mk.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...