fbpx

Вучиќ: Државата ќе реагира ако протестите станат насилни

-

Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека граѓаните на Србија можат да протестираат додека сакаат и сè додека не ги загрозуваат правата на другите граѓани. Во спротивно, доколку дојде до насилство, државата ќе интервенира.

Вучиќ по денешната посетата на дежурните сили во системот на противвоздушна одбрана во на војската на Србија во Јаково, рече дека „државата ќе реагира ако некој посегне по насилство“.

– Додека сакаат нека протестираат, си додека е мирно, додека не ги загрозуваат правата на другите граѓани. Кога говорев во (предизборната) кампања дека се подготвува таканаречено македонско сценарио во кои одредени претседателски кандидати, одредени политичари ќе се обидат со насилство да остварат си што не можат преку волјата на народот, тие ми велеа дека не е вистина – рече Вучиќ, додавајќи дека ако сакаат можат да протестираат уште 10 години, но само мирно.

Тој истакна дека ги поддржува протестите сè додека се мирни, наведувајќи дека тоа е демократија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...