fbpx

„Второ читање“ за легислативата за СЈО – „второ читање“ и за оптимизмот на Нуланд

-

Веројатно од преголема желба за некаков позитивен исчекор, медиумите во земјата речиси бeз исклучок го истакнаа оптимизмот на високата американска функционерка, Викторија Нуланд, која по вчерашната обиколка на Македонија искажа уверување дека наскоро може да има пробив и позитивен исход на т.н. „пржински процес“. Тоа е можно, но практиката тера на крајна внимателност и на претпазливост. Во Собранието уште не се заокружени ниту сите законски претпоставки за работата на СЈО, пишува „Вистиномер“.

„Работата на Јанева и на нејзиниот тим е од витална важност за обезбедување вистинско владеење на правото, за одговорност и за чист правен систем во државата, во смисла неинфициран од притисоци и од корупција. Тоа е нешто апсолутно неопходно за Македонија да ги постигне своите евроатлантски цели и да стане членка на ЕУ и НАТО.“

Ова се зборовите на американскиот помошник на државниот секретар, Викторија Нуланд, по средбите што ги имаше во Скопје за време на својата последна посета со лидерите на четирите политички партии, со обвинителите од Специјалното јавно обвинителство и со невладиниот сектор.

Таа додаде дека тоа била втората цел на нејзината посета на Македонија.

(Целиот текст од „Вистиномер“ можете да го прочитате и да го преземете ТУКА)

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...