fbpx

Втора нова линија од охридскиот аеродром

-

Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, опериран од „ТАВ Македонија“, вечерва ќе го пречека првиот лет од Базел со што ќе се воспостави новата директна линија Базел-Охрид-Базел, со авиокомпанијата „Виз ер“.

Авионот кој ќе слета од швајцарскиот град во Охрид вечерва во 18.40 часот, во Македонија ќе донесе 179 патници, a од „Св. Апостол Павле“ во Базел ќе однесе 133 патници.

– Денеска, во екот на туристичката сезона, ја промовираме авиолинијата Охрид-Базел на нискотарифната компанија „Виз ер“. Оваа линија е преку целата година, а Базел е втор град во Швајцарија што се опслужува од Охрид и е познат како центар во кој живеат и многу печалбари од охридско-струшкиот регион – изјави Зоран Крстевски, генерален директор на „ТАВ Македонија“.

На новата релација ќе се лета двапати неделно, секоја среда и секоја недела, во истото време, пристигнувајќи на охридскиот аеродром во 18.40 часот и заминувајќи назад за Базел 19.10 часот. Летовите засега се закажни до 21 октомври.

Оваа нова рута е втората што се отвора летово од охридскиот аеродром, по првата Охрид-Лондон, која беше свечено отворена на 10 јуни.

Од компанијата оператор на двата македонски аеродроми очекуваат пораст на авиосообраќајот на „Св. Апостол Павле“ во текот на летото, како резултат на овие нови авиолинии, како и чартер-летовите од Холандија, Австрија, Швајцарија и од Белгија.

Лани „ТАВ Македонија“ на двата аеродроми, скопскиот „Александар Велики“ и охридскиот „Св. Апостол Павле“, опслужи речиси 1,3 милион патници и притоа забележа пораст од 20 проценти на годишно ниво.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...