fbpx

Променливо облачно со температура до 17 степени

-

Во Македонија времето денеска ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд, а претпладне во одделни котлини ќе има појава на слаба магла.

Температурата ќе се движи од 7 до 17 Целзиусови степени. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време, со сочневи периоди и со услови за слаб локален дожд. Темепратурата ќе се движи до максимални 14 Целзиусови степени.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Според синоптичарите, до средината на неделата ќе се задржи променливо облачно и релативно топло време со услови за повремен локален дожд, особено во западните предели.

За четврток се очекуваат пообилни врнежи од дожд, а меѓу четврток и петок се очекува постуден воздух, кој ќе предизвика врнежите во некои пониски места да преминат во снег.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Град Скопје: Фирма без соодветни документи и дозвола монтира панорамско тркало пред „Борис Трајковски“

Фирма регистрирана пред само еден месец, без соодветни дозволи и документи кои гарантираат безбедност, монтира панорамско тркало и други реквизити во Општина Карпош пред арената „Борис Трајковски“, обвинува Град...