fbpx

Времето денеска облачно со услови за дожд

-

Времето ќе биде променливо облачно, а во западните делови значително облачно со услови за краткотраен дожд. По одделни котлини, особено на југоисток, ќе има појава на магла и на ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од нула до 10 Целзиусови степени, а дневната од 12 до 18 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, наутро со услови за магла, а преку ден ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи до 3 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне до 16 степени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Обвинителство: Врховниот судија Георгиев бил фатен на дело со мито, Иџет Мемети е второосомничен

Случајот со апсењето на врховниот судија Наке Георгиев следело по претходна пријава од син на обвинет во предмет што се водел во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран...